Насловна / Арт и дизајн / Архитектура на поинаков и „пошарен“ начин низ објективот на студент од Германија

Архитектура на поинаков и „пошарен“ начин низ објективот на студент од Германија

Деветнаесетгодишниот Paul Eis, студент по архитектура, преку своите фотографии од различни градови во Германија ја покажува нивната архитектура на поинаков, поинтересен, односно „пошарен“ начин. Во разговор за германските медиуми, тој вели дека во летото 2015 година одел низ улиците на Берлин во потрага по архитектонски дела кои би можел да ги фотографира.берлин хамбург_4„Но тогаш сфатив дека во мојот роден град, како и во повеќето места во Германија, има многу монотони, здодевни згради. Мислев како би изгледало истите тие згради да не бидат безлични и сиви, туку шарени“, раскажува тој.берлин хамбург_6

На своите фотографии тој започнал да додава светли бои, а потоа да ги поставува на Instagram. берлин хамбург_3

„Поради големиот број пристигнати пораки, почнав да правам се повеќе такви фотографии. Но, не се задржав само на Берлин, туку ги вклучив и други германски градови како Хамбург, Минхен… Неодамна слични фотографии направив и во Холандија и Австрија“, вели Eis. Тој смета дека боите може многу да помогнат за поинтересна архитектура.берлин хамбург_5 берлин хамбург_7

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top