Списанието „National Geographic Traveler“ секоја година бира лидер во областа на одржливиот туризам, врз основа на следните параметри: односот кон животната средина, заштитата на културното и природното наследство, бенефитите за локалната зедница и услужливоста кон туристите и другите гости.
За оваа година победник е Словенија која исполнила 98 од 100-те исклучително строги критериуми на жирито. Ова воопшто не е изненадување за државата што ја красат смарагдно зелени полиња, густи шуми, 20 000 различни растителни и животински видови и Јадранското Море.
Нејзиниот главен град Љубљана, во 2016 година беше прогласен за зелена престолнина на Европа. Ова признание го доделува Европската Унија.