Насловна / Вести / Санација на надворешното осветлување во седум училишта во општината Центар

Санација на надворешното осветлување во седум училишта во општината Центар

Општина Центар започна со комплетна санација на надворешното осветлување во седумте основни училишта на територија на општината.

Првата интервенција е веќе извршена во основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Постоечките улични светилки се заменети со 12 штедливи светилки во внатрешноста на дворното место, заменет е скинатиот кабел и четирите светилки во задниот дел од дворот на училиштето, кои не беа во функција, сега се поправени. На влезот на училиштето поставени се двојно појаки светилки. Дополнително е осветлен и надворешниот паркинг, со многу посилно осветлување од постојното. Службите во општината извршија проверка и замена на игралиштето во основното училиште.novo-ulicno-osvetluvanje

И во основното училиште „Коле Неделковски“ заменети се 10 појаки светла.

Денеска се врши интервенција во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“. Општина Центар ќе продолжи со санација на комплетното осветлување во сите основни училишта, со цел поголема видливост, а со тоа и безбедност на учениците.

Испрати коментар

Scroll To Top