Се работи за куќа лоцирана на грчкиот остров Скијатос, којашто Lydya Xynogala, професорка по архитектура на Универзитетот Колумбија, има намера да ја користи за одмор. Императивот бил спектакуларниот поглед на морето и на брегот, што треба да се гледа од повеќето простории во куќата.
Куќата се состои од три дела; главен апартман, заеднички простории за дневни дружења и посебен простор за гостите. Архитектурата ја следи природната топографија, а архитектката објаснува дека градењето претставувало посебен предизвик бидејќи куќата се наоѓа на стрмната површина.
Материјалите што се користени при градењето се претежно природни и типични за грчкото поднебје, како што е специфичен модел на терасата на подот. Сепак, оваа искусна архитектка одлучила да ги комбинира и да ги претстави во едно сосема поинакво издание.