Насловна / Совети / КАКО ДА НАПРАВИШ ПРОФЕСИОНАЛНО CV?

КАКО ДА НАПРАВИШ ПРОФЕСИОНАЛНО CV?

cv.jpgАрхитектите се одлични во
решавањето на комплексни
проблеми и наоѓањето на
иновативни решенија
– вели Marjanne
Pearson од консултантската фирма
Marjanne Pearson Associates (www.
talentstar.com), чија специјалност
е пронаоѓање на таленти. Таа
поседува неверојатна способност за
комуникација, а непознавањето на
самата архитектура не и попречило
во оваа област да го изгради
својот имиџ и да стане еден од
најдобрите консултанти во светот.
Кога започнувала со својата
кариера во 1987 година, прв
клиент и бил Френк Гери. Им
помогнала на многу архитекти да
се вработат во најпрестижните
студија во САД. Денес, таа ја уредува
и страница на Twitter со вести,
информации и совети за дизајнери
и архитекти-@ NextMoon.


Во моментов илјадници архитекти бараат работа. Што им советуваме да направат?

Заборавете на концептот лов во
празно, пукање на слепо.Така се
работеше пред 30 години:одите
во шума, пукате и се надевате
нешто ќе падне. Првото важно
прашање кое треба да си го
поставите е: Каде оди Вашето CV?
На кого сакате да оставите добар
впечаток, и какво мислење за вас
сакате да добие работодавачот?
Дознајте нешто повеќе за
фирмата во која аплицирате.

 

Како размислуваат работодавачите?

– Тие сакаат да ги предвидат идните
ситуации и како Вие ќе се однесувате
во нив. Им треба некој кој ќе им
помогне да бидат поуспешни.

 


Дали ако конкурирам на работа мора да имам пропратно писмо?
 

– Морате да имате пропратно
писмо! Тоа ќе стои на вашата прва
страна. Тие 75 зборови се оние што
работодавачот ќе го натераат да
ја заврти наредната страница и да
продолжи да го чита вашето CV. Дајте
им веднаш информации, кој сте и
зошто треба да ве вработат токму вас.

 


Како треба да изгледа ова писмо?
 

– Пропратното писмо мора
да подразбира пет работи:
1.Адресирајте го e-mail на
вистинската личност и тоа не
задолжително на личноста која е
наведена во огласот. Кој би можел
тоа да биде, може да дознаете после
кратко истражување за фирмата.
2.Напишете го текстот од 75
реда и не само: Ви пишувам,
ова е моето СV…
3.Што се случува понатаму? Дали
сте спремни и слободни да дојдете
на интервју? Кој може да каже
некој добар збор за Вас? Ако имате
некое познато име на кое можете
да се повикате, сторете го тоа.
4.Проверете дали се тука
сите ваши контакти (телефон,
мобилен,е- mail, име презиме…)
5.Писмото мора да биде атрактивно
во графичко-естетска смисла.
Доколку немате сопстевен наслов,
направете еден за оваа прилика.
Ова е прилика да покажете дека
сте креативна личност, дека сте
сериозни, дека сте самите свој бренд.

 

Колку треба да биде големо CV-то?

– Ова е далеку пофлексибилно
отколку што најчесто мислиме.
Пред дваесет години се мислеше
дека сите треба да имаат CV од
двете страни. Ама ако имате многу
искуство, две страни не се доволни.

 


Што треба да содржи тоа?
 

-Направeте CV кое ќе ве направи
најпосакуваниот нов работник.
Треба да направите работодавачот
да посака да разговара со вас.
Потребни се три работи: вашето
искуство, презентација (во смисла
на содржина и графика) и вашите
врски со фирмата и видот на
работата со која се бави фирмата.

 

Како се коцепира CV?

-Како тоа што го прават весниците
на киоск. Да ги погледнеме
насловните страни и да бараме
најинтересни наслови. И тогаш,
само ако меѓу нив пронајдеме
некои интересен, го отвараме
весникот и читаме понатаму.

 


Дали CV  треба да се прати по пошта или како дигитален фајл?
 

-Не познавам ниту една фирма која
сака да добие печатен материјал.
Полесно им е да разменат дигитални
документи. Но, никогаш не праќајте
документ во Word испратете го
во PDF! Не сакате нешто да се
промени во изгледот и распоредот
на страници доколку некој нема иста
верзија на Word или на сите фонтови.
Ова е особено важно кога имате
и некоја илустарција во наслов.

 

Која е иднината?

-Испраќањето на CV е дел од
минатиот век. Доколку испратите mail
од 75 реда и додадете „Направив
сајт“ , 90 проценти од оние што
ќе го видат тој mail ќе кликнат на
линкот. Луѓето се љубопитни. Ако
на линкот видат нешто впечатливо,
тоа е веројатно најдобриот начин
да покажете кој сте и колку
вредите. Инженерите, а особено
архитектите треба да имаат свои
сајтови. Тоа е најефикасниот начин
да ги покажете своите квалитети.

Испрати коментар

Scroll To Top