– Како да ја уредам дневната соба? Покрај гарнитурата за седење во неа би сместила
трпезариска маса со столови, а по можност и комоди. Собата има убав поглед кон
дворот и голема тераса која ја користиме максимално.
Мирјана Симоновска, Скопје
Основата на вашата дневна
соба нуди решение
во кое долгите и тесни
простори се разбиени на помали
функционални групи. Групата
за седење со ниска масичка
се поставува во најмирниот дел
на собата. Над радијаторите
можете да направите полици
во висина на парапетот.
Помеѓу прозорците затворете
го просторот под полицата за
да добиете тесни комоди. На
ѕидот врз нив поставете полици
за книги и украсни предмети.
Телевизорот прицврстете го на
ѕидот од гипс картон плочи, што
дискретно го дели просторот на
дневната соба од трпезаријата.
Во средишниот дел на собата
сместете поголема трпезариска
маса и столови. На спротивниот
ѕид, десно од влезот во собата,
има доволно место за застаклена
витрина или комода со големо
огледало над неа. За да и дадете
на собата топлина и луксуз,
ѕидовите зад седечката гарнитура
може да ги искомбинирате
со релјефни тапети сместени
во светлосни процепи меѓу
парапетната полица и
исфрлениот дел на ѕидот.
Скриеното линеарно осветлување
во попречните канали на тесните
делови од таванoт визуелно ќе го
прошират просторот, а заедно
со мебелот од темен медијапан
со висок сјај и мебел штофот
во земјани и златни тонови,
ќе придонесaт за создавање
елегантен и модерен ентериер.
Билјана Стевковска-Савиќ
дипл.инж.арх.