Новиот ресторан The Magazine е сместен во познатата лондонска галерија Serpentie Sarcler. Поточно, се наоѓа во второто надоградено крило на самата галерија дизајнирано од страна на архитектонското студиo на Заха Хадид. Знаеме дека во реномираните музеи и галерии во светот, вообичаена практика е по гледањето уметнички дела посетителите да одат на кафе или ручек во нивните ресторани, па така и новиот ресторан The Magazine на галеријата Serpentine, претставува вистинско место за дружење и уживање во деликатните кујнски специјалитети. Футуристичката снежно-бела форма и стаклото заедно со колонадите и тулата од 19 век на галеријата креираат необична комбинација на старо и ново.
Шеф на ресторанот е млад готвач од Берлин, Оливер Ланге, кој работи со компанијата Kofler & Kompanie. Во ресторанот може да се пробаат разни fusion комбинации од азиската и британската кујна.