Насловна / Вести / Во јануари издадени 368 одобренија за градење

Во јануари издадени 368 одобренија за градење

Gradiliste

Во јануари годинава се издадени 368 одобренија за градење што е за 39,9 проценти повеќе во однос на јануари лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.260.686.000 денари што е за 69,2 процента повеќе во однос на  претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 226 (61,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 41 (11,1 проценти) за објекти од нискоградба и 101 (27,5 проценти) за објекти за реконструкција.

Кај 248 (67,4 проценти) од објектите инвеститори се физички лица, а кај 120 (32,6 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 503 станови со вкупна корисна површина од 47.421 метар квадратен. 

 

Испрати коментар

Scroll To Top