Иако Дубаи е дом на многу иновативни архитектонски концепти, атракцијата што ќе се појави во градот во 2020 год. ќе биде вистинско чудо. Според идејата на угледниот архитект Дејвид Фишер, во Дубаи за неполни три години ќе биде изграден облакодер различен од сите досега видени.
Неговата главна карактеристика е што апартманите ќе имаат можност за ротирање за цел круг, според желбата на станарите. На тој начин, апартманите ќе можат цел ден да го следат сонцето. Овој проект Фишер го замислил уште во 2008 г., но бил во мирување одреден период. Сепак, во 2016-та пронајден е инвеститор.
Што се однесува до самиот облакодер, интересно е што секој апартман ќе биде изграден како засебна целина со сопствен лифт. Цената, се разбира, е прифатлива само за најбогатите. Секој апартман ќе чини 30 милиони УСД.
Видео:
https://www.youtube.com/watch?v=EAVpgQLhOks