Насловна / Совети / Квадратните соби немаат добра акустика

Квадратните соби немаат добра акустика

klavir.jpgСо долготрајно вежбање на клавир и
слушање музика преку моќни стереофонски
уреди не би сакал да ги вознемирувам
соседите. Затоа ве молам да ме посоветувате
како да ја уредам мојата музичка соба која е
всушност и дневна.

Владимир, академски музичар од Скопје

При постоење на соба за музичар во
состав на станот во кој се живее,
неопходно е да се внимава на
изолацијата, акустиката, распоредот и
изборот на мебел и опрема во
просторијата, осветлувањето и греењето.
Звучната изолација зависи од градежниот
материјал, конструкцијата на зградата,
дебелината на ѕидовите и таваните,
прозорците и вратите. Најдобро би било
музичката соба да се смести во средината
на станот, што подалеку од соседите, зашто
е подобро да спречите звукот да излегува од
вашата соба,
отколку
другите да
спречуваат
негово
влегување во
нивните
простории.
Препорачувам
на подот да
ставите
изолациони
плочи од
сунѓерести
парченца со
различна
густина
залепени под
притисок, а преку нив поставете килим кој
добро ќе го изолира подот од бучава. Со
оглед на тоа што таквиот под е мек, залепете
пошироки подлошки на ногарките од
мебелот. Освен подот, треба да се
изолираат и ѕидовите и таванот. На ѕидот
можете да поставите конструкција од дрвени
летвички, меѓу нив минерална волна, а преку
тоа гипсени плочи, но така што ќе останат
неколку сантиметри воздушен простор
помеѓу плочите и минералната волна.
Високата просторија, која има квадратен
облик не е погодна за музичка соба, затоа
што нема добра акустика. Затоа сите
површини најнапред обложете ги со потврди
материјали, а потоа додавајте тапети,
завеси, килими, кои ќе го апсорбираат
звукот. Распоредот на мебелот и опремата
во собата зависат од музичкиот инструмент.
Клавирот не треба да го опкружите со други
инструменти или мебел. Внимавајте да биде
доволно оддалечен од прозорците, вратите,
ѕидот и радијаторите. Бидејќи клавирот е во
дневната соба, извиената страна не смеете
да ја свртите кон ѕидот затоа што при
отворен капак, звуците ќе се одбиваат кон
ѕидот наместо кон местото каде што седат
слушателите. Ако имате пијанино, потпрете
го со подолгата страна на ѕидот, а
светлината од прозорецот нека паѓа бочно,
а не од грб. Обидете се во собата да
сместите и плакар за оставање на ноти,
партитури и музички дискови. Идеално е
музичката соба да е свртена кон север за
сонцето да не го грее инструментот. Бидејќи
е изработен од дрво, тој е чувствителен на
атмосферски промени. Во собата треба да
се одржува температура од 18 – 200OC.

 

Билјана САВИЌ, дипл.инж.арх.
[email protected]

Испрати коментар

Scroll To Top