Потрошувачката на јаглен во Кина, најголем светски потрошувач на таа суровина, падна во 2016 година трета година по ред, покажаа објавените официјални податоци на кинеската влада. Потрошувачката на јаглен минатата година е намалена за 4,7 отсто во однос на 2015 година, а уделот на јаглен во енергетскиот микс на Кина падна на 62 проценти, што е за 2 отсто помалку во однос на претходната година, се наведува во извештајот на кинеското Национално биро за статистика.