Насловна / Вести / Еве на што ќе се работи во Скопје во 2014

Еве на што ќе се работи во Скопје во 2014

rsz_1nova-fontana110
Во текот на 2014 година во Скопје ќе се реализираат повеќе проекти, со кои делумно ќе се измени ликот на градот. Еден од повпечатливите зафати ќе биде доуредувањето на плоштад Македонија со нова фонтана, тука се и изградбата на подземната сообраќајница, пуштањето во употреба на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУKС), уривањето на старата и изградба на нова Универзална сала и други.

Напролет ќе се раскопа плоштадот Македонија, ќе се вадат постојните гранитни плочи и ќе се заменат со мозаик. Пред еден месец, пак, беше избран изведувачот за 128-те прскалки, кои ќе се инсталираат меѓу „Воинот на коњ“ и Kамениот мост.
Во текот на 2014 се очекува и изградбата на подземната сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до народната банка.

Кога тоа точно ќе се случи зависи од изборот на изведувач на неодамна распишаниот тендер, кој е втор, откако првиот пропадна поради превисоките суми за изградба. Улицата ќе биде долга 1,3 километар, а ќе понира 900 метри.
Новата Универзална сала ќе има форма на јајце според идејното решение на архитектите од „Стоун дизајн“. Носител на инвестицијата е Министерство за култура на Р.М. Новиот објект ќе биде мултифункционален, со двојно поголем капацитет од старата сала, односно од 2.500 до 3.000 седишта.

Со прокетот ЦУКС се опфатени 90 раскрсници, поврзани со сензори и со камери, кои ќе ги детектираат возилата и со пренос на податоците ќе овозможат побрз проток по скопските улици. Овој Центар значи воведување нов начин на водење на сообраќајот кога семафорите ќе се управуваат според потребите на сообраќајот во даден момент, а главната цел е да се намали метежот.
rsz_унивезална

Испрати коментар

Scroll To Top