Инвестицијата на МЕПСО вредна еден милион евра, значително ќе ја подобри доверливоста на електроенергетскиот систем, напонските прилики и снабдувањето со електрична енергија во четири општини во овој дел на скопскиот регион. Новата постројка ќе биде од особено значење за капацитетите во индустриската зона на територијата на општина Петровец.
За период од шест месеци се изгради потребната инфраструктура со која трафостаницата „Петровец“ се приклучи на преносната електро-енергетска мрежа со која управува МЕПСО, од каде информираат дека и наредните години ќе се реализираат повеќе проекти чија вредност изнесува преку 65 милиони евра.