Европската комисија ја регистрира првата европска граѓанска иницијатива „Водата е човеково право“ која досега собра над 1,88 милиони потписи, од кои 1,3 милиони само во Германија. Потписниците бараат законски загарантирано право на вода, а водоснабдувањето и управувањето со водните ресурси да бидат изземени од либерализацијата. Во рок од три месеци Европската комисија ќе ги повика организаторите на иницијативата да ги изнесат своите аргументи.
Правото на вода е човеково право од 2010 година. ОН истакнуваат дека секој човек има право на чиста вода за пиење во доволна количина и по прифатлива цена. Во Европа водата за пиење сè уште не е во доволни количини обезбедена во Бугарија и Романија. Оваа граѓанска иницијатива е всушност можност за европските граѓани да учествуваат во креирањето на политиките. Но, за да се изборат за тоа, неопходно е да се соберат најмалку еден милион потписи од најмалку седум држави членки.
Извор: HRT