Во непосредна близина на Виена, според проект на архитектонското студио Juri Troy, изградена е пасивна куќа од дрво. Куќата се потпира на шест столбови, електрична енергија обезбедува од фотоволтаични модули, а се грее со посредство на топлинска пумпа. Основниот материјал е дрво во комбинација со камена волна како изолатор.
Дебелината на изолацијата достигнува и до 60 cm. Дрвото е од локалните шуми и заштитено е со природни премази. Сите овие елементи придонесуваат карајниот резултат да биде објект со минимална потрошувачка на енергија, кој ги задоволува сите критериуми на една пасивна куќа.
Извор: dezeen.com
Фали уште само да живее некој во куќава – па после 5 години да видиме што ќе се случи…