Од „Гама“, “ најавуваат дека до пролетта идната
година ќе биде финализирана гасификацијата на Скопје, односно ќе биде затворен
гасоводниот прстен околу главниот град.
Започна и реализацијата за поврзување со
главната гасоводна цевка со крак од Скопје до Тетово и Гостивар. Во моментов со
главната гасоводна цевка која доаѓа од Бугарија со краци се поврзани Скопје
(Скопје југ и Скопје север), Крива Паланка, Кратово и Куманово, а гас е донесен
и до слободната економска зона Бунарџик.
За следниот период приоритетни би требало да бидат краците кои гас треба
да транспортираат во Битола и Струмица.