Насловна / Архитектура / Планински ресторан кој изгледа како паднато дрво со три големи гранки

Планински ресторан кој изгледа како паднато дрво со три големи гранки

Новото ски одморалиште во италијанскиот Доломити овозможува поглед кој секој гостин го остава без здив.

Архитектонската фирма Peter Pichler Architecture, во соработка со архитектот Павол Миколајцак, проектирале ресторан Oberholz Mountain Hut, кој совршено се вклопува во природната околина.oberholz-mountain-hut-lead-1580x530

Ресторанот се чини како да извира од планината и се шири во форма на три краци, како три гранки, овозможувајќи им на гостите прекрасен поглед на околината.

Основната идеја во проектирањето на овој планински ресторан била интерпретација на паднато дрво со три големи гранки.Oberholz-Mountain-Hut-01

Ентериерот на ресторанот е елегантен и стилски, а архитектите го дефинирале како нова и современа интерпретација на класичниот планинарски дом, пишува Inhabitat.

Oberholz Mountain Hut се наоѓа непосредно на почетокот на Obereggen ски лифтот, така што скијачите, по уживањето на ски патеките, можат да дојдат во ресторанот и да уживаат во храната и интимната атмосфера, или да се релаксираат во барот, кој се наоѓа во близина на влезот.Oberholz-Mountain-Hut-09 Oberholz-Mountain-Hut-08

Освен внатрешноста на ресторанот, посетителите можат да уживаат во градината каде што има дрвени маси со клупи.Oberholz-Mountain-Hut-07 Oberholz-Mountain-Hut-06

Ресторанот е целосно направен од дрво. Бор е искористен за конструктивните елементи и значителниот дел од ентериерот, додека сивиот ариш ја краси фасадата. Мебелот во внатрешноста е направен од дабово дрво.Oberholz-Mountain-Hut-05 Oberholz-Mountain-Hut-04 Oberholz-Mountain-Hut-03 Oberholz-Mountain-Hut-02

Испрати коментар

Scroll To Top