Денес, со почеток во 12 часот во галерија „Остен“ ќе биде отворена изложба на големите мајстори во светот на уметноста Пикасо, Вазарели, Пандилов, Миро и Дали.
Изложбата е посветена на носителите на наградата Светско културно наследство, која се доделува на „Остен“ биеналето на цртеж на починати уметници кои направиле значаен придонес за уметноста во светски рамки.
Досегашни добитници на оваа награда се Виктор Вазарели – 2009 година, Пабло Пикасо – 2010 година, Димитар Аврамовски ПАндилов – 2012 година, Хуан Миро – 2014 година и Салвадор Дали – 2016 година
Љубителите на уметноста можат да ја искористат оваа можност да уживаат во ремек делата на автори кои ги обележаа некои од највпечатливите трендови во уметноста, како и во проекција на документарец од архивите на унгарската национална телевизија (со превод на македонски) посветен на животот и дејноста на Виктор Вазарели – таткото на оп артот.
Поставката ќе трае до 8 март 2017 година.