Воздухот денеска повторно е загаден само во Скопје. Во останатите градови концентрациите на ПМ10 честички се измерени во рамки на максимално дозволените граници до 50 микрограми на метар кубен.
Според мерењата во Скопје најзагадено е во општина Гази Баба со 191,60 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, кај Ректорат со 118, 32, потоа во Карпош со 95, Лисиче 93,54, Центар 68,10 и во Миладиновци 31,03 микрограми на метар кубен.
Загадувањето во Скопје веќе неколку недели е на исклучително високо ниво и во некои денови и по дваесет пати повеќе од дозволените граници кои не се штетни по здравјето.