Јапонските власти соопштија дека експерименталната мисија за собирање на вселенски отпад не успеала.
Јапонија во декември во вселената испрати летало за снабдување на Меѓународната вселенска станица(МВС), која понесе и нов уред за собирање на отпад.
Научниците од јапонската вселенска агенција ЈАКСА направија „фаќалка“ за собирање на делови од сателити или ракети во Земјината орбита.
Отпадот требаше да биде оттурнат подалеку во атмосферата, каде што би изгорел.
„Уредот не се активираше“, рече пред новинарите Коичи Инуе, еден од одговорните за овој проект.
Уредот се состои од „електродинамичен кабел“ и мрежа во чија изработка помогна фирма за опрема за риболов.
Експерименталната верзија на кабелот беше 700 метри долга, а во план се и многу подолги, од пет до 10 километри.