Израелскиот парламент прифати закон кој овозможува присвојување стотици хектари палестинска земја
Изралескиот парламент вчера прифати закон кој на државата ќе ѝ овозможи да присвои стотици хектари палестинска земја на окупираниот Западен брег, нанесувајќи им уште еден тежок удар на напорите за мирно решение на кризата.
Законот за кој гласаа 60, а го одбија 52 пратеници, беше прифатен во третото, последно читање, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху го информираше сојузникот Вашингтон за расправата околу прашањето.
Законот го озаконува одземањето палестинска земја и е понатамошен чекор кон барем делумна анексија на Западниот брег, оценуваат неговите критичари.
Во говорот по гласањето Безалел Смотрич од националистичката верска партија Еврејско огниште, која е еден од предлагачите на законот, изрази задоволство од изборот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи „без него законот најверојатно не би минал“.