Селфи стапчињата веќе долго време се на пазарот, а сега се појави нов начин на фотографирање – SelfieFeet. Станува збор за еластична лента која се става на стапалото, а со неа се управува со помош на далечински управувач преку Bluetooth.
Креаторите на SelfieFeet велат дека сакале да понудат можност за правење селфи фотографии без употреба на рацете, а прицврстувањето на телефонот за стапалото им било најлогично решение. Освен тоа, во некои земји е забрането користењето на селфи стапчињата во рестораните, баровите и музеите.
SelfieFeet едноставно се поставува на стапалото и потоа на него се прицврстува телефонот. Само еден клик е доволен за одлично селфи. Благодарение на магнетот, телефонот може да се прицврсти и на метални површини, а лентата може да се стави и на рака. Цената на SelfieFeet е 25 долари.