Насловна / Вести / Голем проект за реновирање на Ајфеловата кула

Голем проект за реновирање на Ајфеловата кула

Ајфеловата кула ќе претрпи сериозно реновирање преку огромен проект кој ќе трае 15 години, а ќе чини 300 милиони евра. На тој начин, ова здание треба да биде заштитено во децениите што доаѓаат.

Изградена пред 128 години како привремена структура за потребите на Светската изложба во Париз во 1889 година, Ајфеловата кула прерасна во глобална икона која секоја година ја посетуваат околу седум милиони луѓе. Но, пред сè, кулата стана симбол на француското единство и во славни времиња и во времињата на големите трагедии.ajfelova kula renoviranje_5

Проектот вклучува комплетна анализа на структурата, замена на целосното осветлување и лифтовите. Особено внимание ќе се посвети на подобрување на системите за безбедност. Проектот треба да добие согласност од Советот на Париз кон крајот на јануари. Секоја година за редовно одржување на кулата се трошат 13,7 милиони евра, а секоја седма година се врши комплетно бојадисување кое трае 20 месеци и се трошат 66 тони боја.ajfelova kula renoviranje_2

Во јавноста веќе се објавени кандидатурите на Париз за Олимписките игри во 2024 година и Светската изложба во 2025 година.ajfelova kula renoviranje_4 ajfelova kula renoviranje_3 ajfelova kula renoviranje_1

Испрати коментар

Scroll To Top