Секретаријатот на Енергетската заедница ги повикува мотивираните постдипломци и докторанти, истражувачи од областа на енергетиката, како и претставници од невладини организации и компании од земјите членки на Енергетската заедница, да се пријават за учество на Втората летна школа на Енергетската заедница која овој пат ќе се одржи во Охрид во периодот од 26 август до 2 септември 2017 год.
Целта на оваа школа е промовирање и развивање на компетенциите на учесниците во врска со сите прашања поврзани со енергетиката преку мулти-дисциплинарна програма. Школата е поддржана од мрежа на академски и истражувачки институции од Енергетската заедница и пошироко. Оваа година летната школа е поддржана од Меѓународниот вишеградски фонд, Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ), Polis University од Тирана и Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ) од Скопје. Возраста на апликантите е ограничена до 35 години. Пријавувањето трае до 31.03.2017, а може да го направите преку следниот линк: https://www.energy-community.org/portal/page/portal/ENC_HOME/SECRETARIAT/Summer_School/2017/How_to_apply
(Извор: Energy Community)