Пластиката ја има насекаде, всушност, околината е толку преплавена со неа, што истражувачите сметаат дека до 2050 година сите птици на планетава ќе имаат по нешто пластично во нивниот стомак. Не е доволно да се убедат луѓето да употребуваат помалку пластика во секојдневието, туку и веќе постоечката пластика треба да се пренамени, повторно да се употреби и да се држи далеку од депониите. И покрај информативните инфографици и потресните статистики и програмите за рециклирање, многу земји, особено САД, продолжуваат да ја фрлаат пластиката во депониите без многу да водат сметка.
Основачот на Eко-тек Енверајормент солушнс, Андреас Фроесе потекнува од Германија и работи на различни еколошки пороекти. Пред околу шест години дошол до идеја за изградба на еколошки куќи од пластични шишиња наполнети со кал. Првата ваква куќа е изградена во Хондурас, при одржување на проект за собирање на пластичен отпад од 10000 празни пластични шишиња кои волонтери ги собирале во акција на чистење на околината. Тогаш тој добил идеја дека најдобар начин да се искористат практично е да се употребат за иградба на куќи за сиромашните и да му помогне на населението да заштеди многу пари. За краток период биле изградени повеќе од 50 објекти меѓу кои куќи, училишта како и резервоари за вода.
Овие живописни куќи се отпорни на куршуми и пожар, и можат да издржат земјотрес. Исто така, создаваат и пријатна температура, не испуштаат јаглерод диоксид, а со енергија се здобиваат од соларни панели и од метан од рециклиран отпад.
Нигерија го следи примерот
Сиромашната реалност поттикнала многумина да го следат неговиот пример, да бидат креативни со фрлените нус-производи на општеството. Со оглед на тоа што кризата за вдомување во Нигерија е толку лоша, близу 16 милиони луѓе треба да се згрижат по однос на овој недостаток. Ова решение не само што ги намалува трошоците за изградба на куќа, туку може да биде полезно и за животната средина.
Овој проект во изведба на невладини организации од Нигерија и Англија решава два големи проблеми – решавањето на станбеното прашање за многу бездомници и помага за животната средина. Новите куќи целосно се напојуваат со помош на сончева енергија и со метански гас од човечки и животински измет.
За да се изгради куќа од шишиња со две спални, работниците ги полнат пластичните шишиња со песок и потоа ги лепат заедно со помош на кал и цимент. Овие градби можат да се кренат до три ката, но не повисоко од тоа, поради тежината на шишињата полни со песок. И се разбира, разноликоста на рециклираните шишиња на секоја куќа ѝ дава уникатен и весел изглед. За да се заврши една куќа со две спални соби, потребни се 14000 шишиња. Во споредба со тоа, Нигерија фрла три милиони шишиња дневно.
Грчки бизнисмен инвестира во еколошки населби
Во еден дел на Нигерија изградени се 25 објекти во сопственост на грчки бизнисмен, како комплекс на еколошки куќи наменети за издавање на локалното население. За подигнување на секоја куќа во која има по една спална и дневна соба, купатило, кујна и тоалет, употребени се околу 7800 пластични шишиња. Во овие куќи никогаш не може да биде претопло, песокот ги штити станарите од високи надворешни температури.
Пишува: Соња Танеска Игнатоска
(поддржано од „Пакомак“)