Британскиот уметник Benjamin Shine се најде под лупата на јавноста, кога неговите дела се појавиле на креациите на Џон Галијано во последната колекција на висока мода за францускиот луксузен бренд Maison Margiela.
Иако модните медиуми досега не му посветувале доволно внимание на овој уметник (освен кога во 2013 година работел за колекцијата на Givenchy), Shine има долгогодишна кариера. Студирал моден дизајн на The Surrey Institute of Art and Design и на Central Saint Martins во Лондон. Своето прво студио го отворил пред речиси 14 години, и таму почнал да работи со нови техники и материјали и своите необични идеи ги конструирал во необични уметнички дела. Неговото портфолио стана збир на различни работи со мултидисциплинарен пристап и тоа привлекло разновидна палета на клиенти.
Тој веднаш почнал да работи со модни брендови, дизајнерите на ентериери и уметнички институции, како што се The Crafts Council и The New York Museum of Arts and Design. Меѓу глобалните брендови со кои соработувал се Givenchy, Barclays Wealth, MTV, Eurostar, Deutsche Bank, Coca-Cola и Google…
Тој е добитник на повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ги наградите Red Dot Design Award, The Enterprising Young Brit Award и The Courvoisier Future 500 Art & Design Award.
Неговата работа не е секогаш резервирана за модниот дизајн.