Поставен е првиот пешачки мост на светот направен во целост од биокомпозитни материјали во рамките на Eindhoven University of Technology (TU/e) во Холандија. Постоечкиот мост е дислоциран со цел да се направи простор за овој „био-мост“.
Мостот е проект кој произлегол од соработката на студентите од TU/e и стручњаците од Ајндховен и околината. Раководителот на проектот вели дека досега има примери за градежни проекти од биоматеријали, но дека ова е првпат целосната носечка конструкција да биде изработена од био материјали. Биокомпозитните материјали кои се користени во овој случај се комбинација на влакна од коноп и лен со биолошко пенасто PLA јадро (PLA – полимлечна киселина). Биолошкото јадро се созадвава со вбризгување во слоевите од влакна со помош на вакуум.
За помош при следење на сите промени, во мостот се вградени 28 сензори за мерење на оптоварувањата. Овие податоци се на располагање на проектниот тим во реално време. Исто така, се следат и влијанијата на температурата, влажноста и УВ зрачењето.