Синдикалната организација „Југохром Алзар“ за утре најави протест и блокада на регионалниот пат Тетово – Скопје.
Во соопштението се наведува дека протестот е против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во комбинатот за феролегури.
Протестот ќе биде од 11 до 13 часот кај наплатната рампа во Желино, двата правци, а на самиот протест ќе бидат истакнати синдикалните барања.
„Југохром“ на 2 ноември, во согласност со одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, ги исклучи сите печки поради, пради како штто с енаведува неисполнување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.
Претходно, „Југохром“ побара18 месечно продолжување на законскиот рок за да постави филтри за отпрашување.
Вработените досега повеќепати протестираа и во Скопје, со барање да се вратат на своите работните места. Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес.
Вработените бараат да се повлече забраната за работа на комбинатот, од каде што велат дека егзистираат илјадници жители на Јегуновце и регионот.