По се изгледа новата американска влада не можеше да одолее на веќе ноторната пракса во земјите од Југоисточна Европа во времето на преземањето на власта, а тоа е отстранување на сите информации кои би можеле да и наштетат, а се јавно достапни на одредени службени интернет-страници.
Имено, само неколку часови по инаугурацијата на Трамп, од службените интернет-страници на Белата куќа тргнати се сите инфрмации во врска со климатските промени и обновливи извори на енергија.
Тие страници и информации во целост се заменети со нови, посветени на новата енергетска политика под името „Америка на прво место“, со која се предвидува реафирмирање на фосилните горива.
Во врска со ова, германското еколошко здружение „Германска помош за животната средина“ (Deutsche Umwelthilfe – DUH), објави дека Европската Унија ќе мора да ја преземе лидерската улога во борбата со климатските промени и во таа насока да им понуди техничко партнерство на Кина и Индија.