1. Загадувањето на воздухот во Кина
Смогот во Пекинг беше секојдневна слика во годината што изминува. Нивоата на загадување се рекордни во последните 50 години. Сосема е извесно дека проблемот мора да се решава на долг рок, но во август кинеската влада објави дека ќе го намали бројот на новите термоцентрали на јаглен, и ќе вложи 275 долари во подобрување на квалитетот на воздухот.
2. САД најголем производител на нафта и гас
Во еден од најголемите геополитички пресврти оваа година, од САД се очекува да ги престигне Русија и Саудиска Арабија, и да стане светски производител број еден на нафта и гас. Се предвидува зголемување од 56% во производството на природен гас до 2040 година.
3. Обама најави климатски акционен план
Во јуни претседателот на САД, Барак Обама, најави сеопфатен климатски акционен план – прв национален план во врска со климатските промени. Планот повикува на намалување на загадувањето од американските термоцентрали. Овој сектор има најголем потенцијал за намалување на емисиите на стакленички гасови, и се проценува дека со правилна имплементација, истите би се намалиле за 17% во однос на 2005 година.
4. Јагленот во фокусот
И покрај одлуките на Светската банка и ЕБОР да го забранат финансирањето на новите централи на јаглен, ова гориво во светот и понатаму се бара и се троши. World Resources Institute проценува дека во моментот во светот има околу 1200 предлози за нови термоцентрали на јаглен.
5. Обновливи извори на енергија
Иако во 2013-та бевме сведоци на пад во инвестирањето во обновливи извори, сепак имаше и добри вести. Соларните централи во САД за прв пат ја престигнаа Германија. Ворен Бафет најави инвестиција од една милијарда долари во ветерен парк во Ајова, а во Шпанија е изградена првата голема соларна централа без субвенции.
Извор: Huffington Post