Познатиот јапонски архитект Kengo Kuma го претстави на јавноста еден од своите најнови проекти на необични станбени резиденции. Поточно, се работи за шест вили сместени на јужниот дел на Бали чија примарна цел е да понудат оаза за целосна релаксација.
Проектот е наречен Tsubomi Villas, а освен од шест вили, истиот се состои од стаклена градина за одгледување на домашни намирници, како и павилјони за јога.
Самата архитектура е комбинација на дизајн и природата, а материјалот кој доминира е дрво. Дизајнот на ентериерот и екстериерот е многу минималистички, без вишок додатоци кои можат да го одвлекуваат вниманието.
Околината што ги опкружува вилите е преполн со зеленило, а самите вили имаат поглед на прекрасните плажи. Проектот е наменет за луѓе кои го ценат вистинскиот одмор во природата и не прифаќаат компромис по ова прашање.