Соларни централи наскоро би можеле да никнат покрај секоја железничка пруга во Британија, со цел да ги снабдуваат возовите локално со чиста енергија, наместо електрична енергија од националната мрежа. Имено, државната компанија Network Rail во соработка со Imperial College London сака да го направи железничкиот транспорт одржлив со минимум емисии на CO2.
Научниците од Imperial College тврдат дека руралните подрачја се тие во кои има највеќе место за поставување на соларни централи. Експертите истакнуваат дека најголема потрошувачка се случува токму во моментите кога соларните централи го постигнуваат своето максимално производство.