Насловна / Вести / Израел ја гради највисоката соларна кула во светот

Израел ја гради највисоката соларна кула во светот

Izrael solarna kula1

Во пустината Негрев на југот на земјата, Израел ја гради највисоката соларна кула во светот во рамките на новата соларно термална електрична централа. Кулата Ашалим ќе биде висока 250 метри, а целиот комплекс кој треба да има 50.000 хелиостати (соларни огледала) ќе започне со работа во 2018 година. Се смета дека оваа централа ќе може да обезбеди доволно енергија за 130.000 домаќинства.

Izrael solarna kula

Технологијата на соларни електрични централи овозможува рефлектираните сончеви зраци од огледалата да се фокусираат во кулата, по што се трансформира во топлинска енергија и понатаму во електрична енергија. Од друга страна, пак, соларните централи со фотоволтаични панели, директно ја конвертираат енергијата од сонцето во електрична енергија.

Izrael solarna kula2 Izrael solarna turbina 3

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top