Насловна / Вести / Во Виена производство на енергија и од божиќните елки

Во Виена производство на енергија и од божиќните елки

viena-novogodisna

Градот Виена неодамна извести дека елките што останале по минатогодишните божиќни и новогодишни празници, послужиле за производство на топлинска и електрична енергија. Како што се истакнува од градската адиминистрација, на тој начин е овозможено снабдување со електрична енергија за 960, а со топлинска енергија на 2200 виенски домаќинства.

viena-novogodisna-elka

Така ќе биде и на почетокот на 2017-та, па граѓаните на Виена ќе можат до 13 јануари сите искористени божиќни дрвца да ги остават на посебно предвидени места, кои во градот ги има дури 519. На почетокот на 2016-та, на овој начин се собрани 685 тони, односно 157 000 парчиња божиќни дрвца од кои се произведени 1700 MWh енергија. Ова организирано собирање на новогодишните елки во Виена датира уште од 1990 година.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top