Во продолжение објавуваме седмиот од десетте најдобри јавни објекти во 2016 година, според изборот на уредникот за архитектура на Dezeen, Jessica Mairs. Во изборот се најдоа проекти како што се: уметничката галерија сместена во бункер од Втората светска војна, музејот на јајца од диносаурус и дури три проекти од една многу успешна компанија.
Musée Unterlinden, проширување – Herzog & de Meuron
Во рамките на овој преглед се наоѓа и третиот објект на швајцарската двојка Jacques Herzog и Pierre de Meuron. Ова проширување додава околу 2000 метри квадратни во рамките на објектот „Musée Unterlinden“. Но она што е видливо над подземните галерии се само неколку скромни зградички од тула.