“Airport City” планира да го прошири својот деловен простор и тој да достигне вкупно 230 000 m2 кои ќе бидат на располагање на сите компании на кои им е потребен деловен простор во Белград.
Според зборовите на директорот на компанијата, Адир Ел Ал, досега се изградени девет згради со вкупна површина од 115.000 m2. На неодамнешната компаниска прослава по повод Новата година, беше отворена најново изградената зграда наречена „Зграда 2200“, која е градена во последната година.
Ел Ал истакна дека вложувањата во бизнисот со недвижности во светот се исклучително големи, а речиси 97% се враќа во локалната економија преку нови вработувања и даноци.