Насловна / Архитектура / Охрид на УНЕСКО Листата на добра кои се во опасност?!

Охрид на УНЕСКО Листата на добра кои се во опасност?!

ohrid-unesko

Охридскиот регион би можел  да се најде на Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО поради плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот А3, автопатот А2 и на железничкиот коридор VIII, a состојбата дополнително ќе се влоши со изградба на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин.  УНЕСКО ѝдаде рок на Македонија до 1 февруари 2017 да достави извештај за статусот на конзервација и за чекорите преземени за спроведување на препораките и во случај на потврдување на утврдената или потенцијална опасност за природните и културните добра на Охридскиот регион.

ohrid-uneso

Охридскиот регион е впишан во Листата на природно и културно светско наследство на УНЕСКО во 1979 година. На Листата на природно и културно светско наследство во опасност на УНЕСКО која се води од 2012 година, досега се наоѓаат 38 загрозени културни и природни добра од кои најголемиот дек (17) се наоѓаат во Африка.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top