Зданието со најдолга традиција на градење во минатиот век ќе биде завршено во 2026 година, а неодамна беше претставена и 3Д визуелизација на конечниот изглед на базиликата во Барселона, позната како La Sagrada Familia. За оние што не знаат, се работи за најдолговечниот проект на архитектот Антонио Гауди. Дизајнерите, со помош на снимки направени од голем број прелетувања со хеликоптер, изработиле 3Д модел на базиликата, чија изградба инаку започнала уште во 1882 година.
Причината за ваквото долго градење е едноставна – одлуката била базиликата да се гради исклучиво со донирани пари, така што овие финансии никогаш не биле доволни. Планот е сепак конечно проектот да биде завршен на 100-годишнината од смртта на неговиот градител и голем архитект Антонио Гауди.
Погледнете ги плановите за градење за 2014, 2018 и 2020 година. Дали мислите дека 2026 година е навистина реална година за завршување?