Утре (22 декември), во објектот Чифте амам co почеток во 20 часот, ќе се одржи изложба и доделување на награди и признанија на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на цртеж – Скопје 2016.
На настанот ќе присуствуваат дел од наградените уметници (Јапонија, Франција, Израел, Литванија, Грција и Србија), а ќе бидат изложени дела на 270 автори кои биле селектирани од интернационалното жири и се најдоа во каталогот што ќе биде промовиран вечерта.
Придружни активности:
21.12.2016 (среда) во 12 часот
ПРОМОЦИЈА на публикацијата „Британски уметници од колекцијата на ОСТЕН“ + мини изложба на британски автори во просториите на Британски совет (Универзитетска библиотека)
22.12.2016 (четврток) во 12 часот
АВТОРИЗАЦИЈА и ПРОМОЦИЈА на графичка мапа на Камелија Отеро и заедничка со Росица Лазеска во Француски институт (зад полициска станица Беко)
23.12.2016 (петок) во 12 часот
Отворање на изложба на автори од ПОЛСКА во галерија ОСТЕН (Максим Горки 16)
На годинешното издание на Биеналето на цртеж учествуваа 690 автори од 66 земји од светот со 2240 пристигнати дела. Повеќе информации на www.osten.mk.