Денес (21 декември), во просториите на Стопанската комора на Македонија (кат 5), со почеток во 11 часот, Инженерската институција на Македонија ќе одржи Свечено Собрание, на кое 20 здуженија и сојузи ќе потпишат ДЕКЛАРАЦИЈА за заедничко дејствување во стимулирање и координирање на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини.
Исто така, ќе биде промовирана монографијата „Инженерство – мотивација – инспирација” по повод 70 години од постоењето на оваа единствена професионална организација во која што членуваат сите инженерски профили.