Препознатливиот терминал на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“, кој сите го знаеме од многу американски филмови и серии, наскоро ќе стане хотел со 505 соби.
TWA центарот за летање, кој бил дизајниран од архитектот Eero Saarinen, отворен е во 1962 година и служел како терминал за меѓународни летови до 2001 година, кога веќе не бил во можност за поддршка на прифаќање на современите авиони. Ова њујоршко обележје, кое во 1994 година било запишано во регистар на историски знаменитости, наскоро ќе биде претворен во луксузен хотел.
Со пренамената на TWA центар во хотел, легендарното обележје ќе биде спасено од заборав со добивањето на новата улога.
Примарниот план на проектот е да се зачува и да се обнови зградата на терминалот, чиј нов дизајн всушност ќе ја одразува нејзината естетика од 1962 година. Покрај собите за гости, хотелот ќе располага со површина од 3.700 квадратни метри на која ќе бидат организирани простори за состаноци и разни настани. Исто така, ќе има и 930 квадратни метри видиковец. Плановите вклучуваат изградба на музеј, кој ќе го претстави Њујорк како место на воспоставување на ерата на воздухопловството.
„Страста за овој неверојатен објект и можноста за нашиот план за да се зачува ремек-делото на Eero Saarinen и да се претвори во хотел со 500 соби, беа зачудувачки!“, изјави Tyler Morse, директор за развој во компанијата MCR.