Овој напис е за сите оние кои покрај електронските изданија на книги и списанија, ги сакаат и во печатена верзија за да ја почувствуваат хартијата под прстите и „специфичниот“ мирис.
Погледнете ги овие полици кои претставуваат разновидни решенија, со цел книгата да добие и поинтересен визуелен аспект на колекционирање, средување и доживување.
Некои од овие полици се вистински мали ремек дела, додека другите се креативен резултат од типот „направи сам“.
Во секој случај, тие помагаат на оригинален начин да го изложите и организирате вашиот омилен материјал за читање.
Овие креативни идеи вклучуваат различни форми и материјали книгите да добијат свое „домување“, почнувајќи од форми на водоводни цевки, дрвени гранки, облаци, па дури и полици кои не можете да видите.
Ако сте човек од типот „направи сам“, тогаш веруваме дека меѓу овие полици ќе најдете инспирација и верзија за некоја своја замисла за полица.