Со важноста на рекреацијата, здравиот начин на живот и грижата за животната средина, велосипедите станаа најпопуларен начин на транспорт. Иако во земјите како Холандија и Германија, овој тренд е присутен со децении, во нашиот регион се уште се очекува неговиот пробив.
Сепак, оние што редовно го користат велосипедот како превозно средство, знаат колку треба да се внимава каде и на кој начин се остава, бидејќи релативно лесно може да биде украден.
За да биде обезбеден велосипедот максимално од страна на сопствениците, дизајнерите од компанијата People People, создале модел чија предна кошница едноставно се трансформира во силна брава која може лесно да се врзе. Моделот е модерна верзија на традиционалниот шведски Kronan велосипед, чиј дизајн е поедноставен. Посебно внимание било посветено на функционалноста и стилскиот дизајн кој е од исклучително значење за нивните клиенти.
Велосипедот е дизајниран со едноставни линии во сребрена боја, додека дополнителна елеганција му даваат кафените кожни делови.