Насловна / Вести / Миле Димитровски ќе ја води Комората на oвластени архитекти и инженери во наредните четири години

Миле Димитровски ќе ја води Комората на oвластени архитекти и инженери во наредните четири години

Комората на  oвластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, која брои повеќе од 3000 активни членови, на своето изборно собрание на 17 декември, со тајно гласање, за Претседател на Комората, со апсолутно мнозинство гласови го избра проф. д-р Миле Димитровски кој ќе ја води Комората во наредните четири години.sobranie-mile

Миле Димитровски е редовен професор на Машинскиот факултет при Институтот за термичко инженерство, и активен учесник во реализација на многу проекти од областа на енергетиката. Автор е на 21 учебник/скрипти и на преку 70 научни трудови од областа на енергетиката, моторите, екологијата, итн. Во своето богато експертско искуство, бил носител на бројни признанија и награди од домашен и меѓународен карактер.

Професор Миле Димитровски е досегашен раководител на одделението за машинство при Комората, член на Управниот одбор на Комората и одговорно лице за меѓународните активности на Комората.

Неговиот досегашен ангажман во органите на Комората резултираше со приемот на македонската комора во Светската федерација на инженерски организации (WFEO), проактивно учество на македонската комора во Европската асоцијација на инженерски комори (ECEC), развој на Европскиот комитет за континуирана професионална обука (CPD), итн.

Испрати коментар

Scroll To Top