Насловна / Вести / Отворена ботаничка градина на Факултетот за туризам во Охрид

Отворена ботаничка градина на Факултетот за туризам во Охрид

ohrid-water-net

Факултетот за туризам и угостителство ја доби најавената ботаничката градина, која се реализира како дел од проектот WaterNet. Во неа ќе се одгледуваат голем број зачини и зеленчуци кои ќе се користат за потребите на факултетот. Ботаничката градина се работеше според пример на градините што се користат во најпознатите институти за гастрономија во Европа.

ohrid-botanicka-gradina

„Ова е една мала ботаничка градина, но можам да кажам дека честопати иновативните идеи во многу сфери, не се поврзани со големи дела, туку со мали работи кои наеднаш ќе ги отворат вратите кон одредени понатамошни успеси кои треба да ги направиме. Кога ја разработувавме ваквата идеја со некои од најпознатите институти за гастрономија, видовме дека токму тие го користат овој концепт. Студентите можат да се запознаат со зачините и билките на самото место, да ги одгледуваат, а потоа да ги користат. Она што ја дефинира и нашата кујна се зачините што ги дефинираат вкусовите и затоа особено внимание се посветува на овој дел“, истакна ректорот Сашо Коруновски.

ohrid-botanicka-gradina1

Инаку, проектот WaterNet се состои од четири партнери и тоа, општина Охрид и општина Едеса, како и Институтот за технолошки науки „Александар“ од Солун и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Реализацијата на проектот започна во јуни минатата година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top