Насловна / Форум / Скопје треба да учи од Кавадарци

Скопје треба да учи од Кавадарци

ilija-plackov.jpgИлија ПЛАЧКОВ, дипл.инж.арх.


Во глобала сум поборник за реконструкција на сите јавни површини на кои долго време се немаат преземено никакви урбанистички зафати, каков што е и „Малиот ринг“. На плоштадот му е неопходна урбанистичка реконструкција, бидејќи тој не соодветствува со сегашноста. Но, има неколку работи кои сигурно бараат поподробна анализа и отвораат низа прашања.
Површината на „Малиот ринг“ е премалa за во неа нормално да функционираат толкав број нови јавни објекти. Кога ним ќе им се приклучат и постоечките изградени објекти кои се дел од плоштадот, ќе се добие една урбана архитектонска маса преполна со изградени површини, кои со своите кубуси просторот ќе го направат архитектонски преоптоварен. Јас на презентацијата на „Скопје-2014“ видов само неколку случајни минувачи кои се движат по плоштадот. Обидете се да го замислите плоштадот со илјадници луѓе на него!

 

Со мешањето на архитектонските стилови на новопредводените објекти во опфатот се ставаат конгломерати. Во овој склоп самите стилови меѓу себе се негираат, а прашање е и кој е стилот што треба да преовладува и да биде препознатлива водилка?!?.Со овој проект сигурно ќе го загубиме човекот, затоа што тој ќе започне да бара потивки простори со посмирен архитектонски ритам.
Вакви зафати без претходна подробна анализа, не би требало да се случуваат ниту во Скопје, ниту во другите урбани средини во Македонија. Проектот, исто така е недоволно транспарентен.

За споредба ќе посочам пример со уредувањето на плоштадот во Кавадарци каде моментно се врши партерно уредување. Пред да започне проектот се организираа консултации со сите архитектонски бироа во Кавадарци, се консултираа уметници и други луѓе кои би можеле да придонесат за поконструктивно решение. Решението стоеше на сајтот на општината со што сите граѓани можеа да имаат увид и да реагираат. Се разбира се појавија разлики, особено генерациски, за тоа како сè треба да изгледа, што е нормално. Но, за разлика од проектот „Скопје 2014“, во Кавадарци се водеше сметка решението да биде компромис на различни мислења и да не го оптоварува просторот за тој да биде функционален.

Испрати коментар

Scroll To Top