Насловна / Форум / Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“

Без „Танге 1963“ немаше да го има „Скопје 2014“

antonio-petrov-1.jpgАнтонио ПЕТРОВ, предавач на универзитетот Хардвард



Сметам дека ниту објектите изведени по земјотресот 1963 година, ниту проектот „Скопје 2014“ што се реализира во 2010 година, не се сместени ниту во времето, ниту во контекстот. Изградбата на Скопје 1963 година била авангарда за тоа време, а проектот на Кензо Танге го подигна нивото на животниот простор на жителите на Скопје. „Скопје 2014“ од своја страна го вкопува градот под земја, со него се враќате назад. Целта на овој проект веројатно била да оформи некакви темели. Тие темели се градат на основата на некои остатоци, кои се базирани на оригинал кој реално не постоел.

 

Во периодот меѓу 1963 и 2014 год., Скопје идеално го симболизира она, за што верувам дека се вештачки конструирани архитектонски шеми, кои оперираат во културен вакуум, заснован врз изгубените илузии на архитектите и планерите. Архитектонскиот дискурс ја менува својата нагласка, движејќи се од продукција во репродукција на формални системи, кои целосно се засновани врз имагинарни идеолошки карактеристики, манифестирани во историјата на нечија иднина 1963 и во иднината на нечија историја 2014. За Скопје влогот е поголем отколку само повторно замислување на историјата или на иднината. Прашањето е: дали може да се доживее културен идентитет низ „миграција“ на реплицираната аура? И дали треба историјата вградена во ткивото на градот да биде реплицирана? На мислење сум дека 1963 и 2014 година не се употребени како „валидни временски коти на градот“ и дека тие само симболизираат отстранување од непредвидливоста на културата, местото и времето.


Во 1963 година силен земјотрес ја претвори богатата историја на Скопје во шут. Скопјаните нè само што го загубија нивниот социјален живот, туку земјотресот ги избриша и мемориите на градот за интелектуална просторност. Во силна потреба за домување и дом, Скопје ја прегрна светската солидарност, но во исто време мораше да сфати дека неговата сопствена судбина му се измолкнува од рацете. Природната катастрофа им отвори можност на политичарите и на архитектите од генерацијата на 1960-те да го видат предвиденото сценарио потребно за примена на утопијата на крајниот урбан дизајн: град на иднината што лебди над цврстата земја и што одново го препишува вистинскиот град. Гестот за метаболизмот на Скопје, ја претставува победата на дизајнот на Танге за креирање нов град. Во стремеж за создавање органско тело како фузија на човекот со машината, Танге предложи мегаструктура која ќе го реорганизира Скопје и ќе создаде паралелен хабитат, подигнат над земјата, оставајќи ги културно богатите скопјани немоќно да лебдат над остатоците од минатото, што сега престана да постои.

Во проектот 2014, се чини дека минатото што беше закопано длабоко под површината на почвата, воскреснува во иднината на историјата. Засновано врз новиот план „Скопје 2014“ се одликува себеси со инвазија на бесконечни скулптури , цркви и бројни реисторицистички згради, вклучувајќи и копија на Триумфалната капија. Исто како во филмот на Роланд Емерих, вонземните објекти го напаѓаат градот во маглата на небулозните политички акции. Инспирирани од големите метрополи, планерите на градската иднина замислија хабитат за скопјани исполнет со споменици и скулптури.

Наместо искористување на постоечкото небо над грдот, тие закопаа длабоко во земјата, за да изградат нови темели за Скопје врз остатоците на сомнително минато. Политичкото сознание и невидливата збрка на Генералниот урбанистички план ГУП, како и на Деталниот урбанистички план ДУП, создадоа мастер-матрица и не толку хируршки доволна имплементација, која на луѓето од Македонија им остави сметка од 200 милиони евра. Некој може да се зачуди што би значело тоа за иднината на градот, дека историски гледано, неговото социо-постоење е заобиколено од „добрата волја и добрите намери“ на модерната, а сега ултра-едикоја-класична идеологија. Дали е тоа град со постоење, согледано како ништо друго освен како плитка рефлексија на некогаш постоечкиот оргинал во потрага по идентитет под надзор на агломерирани архитектурни „полиња на значење“?
Во процесот на создавање (репродуцирање) нови временски коти на градот, идејата за „оргинал“ во Скопје, се чини дека постои само во рамките на имагинарното. Оргинал е она на што Скопје се сеќава како на минато, додека сегашниот град е хетеротопичен. Ова е навистина фасцинантно гледиште за градот, кое тврди дека е единствениот применет метаболички план во светот. Но, што вреди тоа кога улогата на граѓаните да оформат свој сопствен град запаѓа во пасивно набљудување, со население кое стои настрана, гледајќи како нивното урбано јадро се претвора до состојба на непостоење. Градот што може „да биде само еднаш“ и неговата виталност, повеќе не припаѓаат никому, неговата историја испарува во утопија и неговата иднина е изјаловена. Деисторизацијата и реисторизацијата на 1963 и 2014 година се наметнуваат себеси меѓу симболизмот, реалноста и замисленото, оставјќи го градот во збрка на симболички гестови, наслоени едни врз други во времето и просторот. Значењето на 1963 на „смислата на приказот“ ја намами реакцијата на 2014 на „исчезнувањето на смислата на приказот“. Овој фатален процес ја искривува дијалектиката на историјата заедно со нашето доживување за градот. Архитектурата изискува присуство и додека е можно да се предизвика присуство на објектите, присуство на архитектурата, дури и во виртуелни услови се грижи за метафизиката на битието.
Скопје стои на пресудна раскрсница, испитувајќи ги искушенијата на обете „мината“ како средство за дијагностицирање на иднината. Дали грдот ќе истрае во потрагата по идентитетот со главата закопана во земја, или пак таа ќе биде крената кон небото; или дали ќе биде во можност да развие критички однос кон самиот себеси и ќе се ослободи од случајностите на оживеаната историја, за да ги активира потенцијалите на современите прашања?

Слабоста на Танге во текот на создавањето на дизајнот за Скопје, педесет години подоцна се претвори во сила на неговиот предлог. Неговиот дизајн воспостави правила според кои односот на референтот (значењето) кон продукцијата и на поголемиот систем кон индивидуата определи моносферична рамка, во која Македонецот требаше да стане „Новиот Вавилонец“, ослободен од номадската уметничка колонија за да запоседне простори кои Танге ги немаше разгледано во својот дизајн. Хибридизацијата меѓу ултраматеријалното и апстрактното, стана карактеристичен израз во прикажувањето на доживувањата и на движењата. Шемите на двата периода 1963 и 2014, разјаснуваат дека материјалноста речиси како и секој дел од нашето опктужување претставува во најголем дел културна конструкција препишана во тековните културни и економски трендови.
Така, градот е оставен без здив, што не е вина на луѓето што се обидуваат да преживеат под гестот на градот. Скопје не е кондиционирана за живот уметничка форма (Gesamtkunstwerk), ниту пак е задниот двор на градината со поларизирана статуа. Метаболизмот на Скопје стана Скопје, неговите слабости создадоа платформа која дозволи скопјаните да создадат своја утопија. 2014 не е утопија, ниту пак е визија, туку е глас кој треба да биде слушнат. Сегашниот град не е ниту јалов, ниту проект. Граѓаните треба да се спротивстават на интелектуалната суета, што делува од чинот на ароганцијата на сестраниот смртник (Gesamtkunstwerk) или од безразличноста на животниот кондиционер. Архитектурата мора да му се обраќа на градот, дури и кога градот не поставува цели за архитектура. Во таа смисла, градот е во крајна линија единствениот објект и метод на архитектонско истражување, што и служи на културата и чијшто дел го претставува.
Скопје е домаќинот и мора да сфати дека градот е местото каде што тоа е родено. Жителите на Скопје го поседуваат овој новоизмислен град, кој е во премин од минатото во иднината. Во тој момент кому му е грижа дали Скопје е започнато како град на иднината? Од една страна градот е дух што постои само затоа што „беше еднаш“ во нашата фантазија. Од друга страна, неговото присуство е сензуално и конкретно, живо и витално, зазама форми и облици во сите изрази и отелотворувања. Во таа смисла, 2014 е продукт на опшеството што го има родено. Можеби дискусијата врзана со 2014 не треба да биде фактот што делови од населението живеат (симболично) во делот на градот од 1963 година и дека тие сакаат да ги обноват спомениците од минатото, што постојат во населбата преку реката. Наместо на досега невиден начин да создаваме слики од минатото, ние треба да размислуваме како градот од 1963 и од 2014 година конечно да стане една целина, еден дом за сите. Да го славиме редот што е мистичен, имагинарен, утописки и реален, како идеална форма на репрезентација. Без разлика дали го сакаме тоа или не, можеби 2014 е аурата што Македонија никогаш не ја поседувала, нејзин и само нејзин израз, и нејзин социјален код кој не е производ на природата, туку е веднаш репродуциран. Можеби, ако туркаме копија по копија, ќе ја стигнеме сегашноста и ќе се запрашаме дали мојата слика во огледалото е тоа што сакам да бидам јас?

Испрати коментар

Scroll To Top