Насловна / Вести / Изложба „Енформелска лабораторија 4/Сеќавања“

Изложба „Енформелска лабораторија 4/Сеќавања“

Вечерва (14 декември) во 20 часот, во Музејот на град Скопје, Галерија Јустина и Родољуб Анастасов, ќе биде отворена изложбата „Енформелска лабораторија 4/Сеќавања“.

Формирањето на оваа галерија беше овозможено со донацијата од 346 дела кои Родољуб Анастасов ги подари на Музејот.plakat_sekavanje

Намерата е оваа Галерија циклично да го презентира целиот материјал кој го поседува. Циклусот „Енформелска лабораторија“ кој беше започнат пред три години, сега продолжува со презентација на дела кои досега не биле изложувани во Галеријата.

На изложбата ќе бидат експонирани четириесет цртежи создадени во периодот 1959 – 1965 година. Особеност на овогодишниот проект кој го носи поднасловот „Сеќавања“ е разговорот со Анастасов за периодот 1959 – 1966 година, кој е објавен во каталогот. Делови од овој разговор ќе бидат прочитани на отворањето на изложбата.

Испрати коментар

Scroll To Top