Насловна / Вести / Автопатот од Табановце до Гевгелија ќе се управува со интелигентен транспортен систем

Автопатот од Табановце до Гевгелија ќе се управува со интелигентен транспортен систем

koridori-vo-makedonija

Долж автопатот од Табановце до Гевгелија, ќе се изведат нови комуникациско-информациски системи за контрола и управување на сообраќајот. Реализацијата на интегрираното сообраќајно решение ќе значи воведување на интелигентен транспортен систем, за кој Министерството за транспорт и врски веќе ја избра фирмата Градежен институт „Македонија“ за изработка на основниот проект.

koridor-10-patarina-petrovec

Новата технологија ќе значи изведба на соодветна инфраструктура долж патниот Коридор 10, што ќе овозможи поголема безбедност во одвивањето на сообраќајот, и обезбедување на поддршка на возачите во секое време. За изработка на проектната документација е предвидено да се потрошат над 13,8 милиони денари. Основниот проект ќе биде подготвен најдоцна за 15 месеци. Изведбата на системот за контрола и управување на сообраќајот на автопатот од Табановце до Гевгелија е прв ваков проект што се реализира на територијата на Република Македонија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top