Насловна / Арт и дизајн / Препознатливиот телевизиски тест како главен акцент за светлечки тела

Препознатливиот телевизиски тест како главен акцент за светлечки тела

Унгарскиот уметник и дизајнер Симон Форгач отсекогаш бил фасциниран од изгледот на карактеристичниот тест на телевизискиот екран. Геометријата, силниот колорит и целокупната шема за своевидната калибрација и приспособување на телевискиот сигнал на сликата пред емитување, се неговата инспирација за најновите дела.svetlechki-tela_4

Всушност, тој бил доста фасциниран со овој феномен уште од детството во време кога телевизија и тв приемниците биле кулминација на технологијата, а денес овие тестни телевизиски екрани му се база за неговите светлечки тела кои ги работи.svetlechki-tela_1

Се работи за Mono Lamp светилки, кои се во форма на глобус, но се „пресвлечени“ токму со гореспоменатата визуелност. Тие се направени од дрво и алуминиум, со дијаметар од 30 см, додека самата топка е направена од пластика. Крајниот резултат е амбиентално осветлување кое на просторот му дава необичен, но тотално „кул“ впечаток.svetlechki-tela_2 svetlechki-tela_3

Испрати коментар

Scroll To Top